ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НОВО НЕВРЕМЕ СЕ ОЧЕКУВА ВО МАКЕДОНИЈА!

објавено на:

07 Јун 2022

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во западните и во јужните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа до самиот крај од оваа недела под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места низ Македонија ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови и локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бележат тенденција на пад и најсвежо ќе биде токму во петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Потоа од сабота температурите повторно ќе бележат тенденицја на постепен пораст.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време во Македонија, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета. Исто така поради доста интензивните врнежи во следниот период, можни се локални поројни поплавувања, па затоа граѓаните да внимаваат токму и на ова.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.