За снег ќе си чекаме уште долг период, Македонија под влијание на Антициклон
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 Декември) и повторно во Недела (14 Декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро ни донесе заладување на времето и пад на температурите на воздухот и тоа поради спуштање на поладен воздух од север. Осоебно во Повардарието повремено дува засилен ветер од северен и од северозападен правец а локално сеуште има слаби врнежи од дожд во градовите и од снег во повисоките населени места и на планините. Утрово до 7 часот [...]


by