Возачите да бидат крајно внимателни: И утринава на многу места низ Македонија има густа магла
И денешното утро во Македонија во многу котлини донесе густа магла и ниска облачност, како и значително ладно време. Поради густата магла низ котлините видливоста е значително намалена, па токму поради ова на возачите им препорачувам да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила.

Најладно утринава до 7 часот беше во Берово со измерени -4 степени, а највисока минимална температура од дури 9 степени во исто време беше измерена во Гевгелија. На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени утринава до 7 часот по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Снежната покривка ова утро изнесува 38 сантиметри на Попова Шапка, 28 сантиметри во Маврово, 10 сантиметри во Крушево и 7 сантиметри во Битола.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во наредните денови времето во Скопје и низ Македонија ќе биде променливо и нестабилно, со повремени врнежи од дожд и услови за локални грмежи, особено во втората половина од неделата. Според најновите прогнози, деновите на почетокот од периодот ќе бидат под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе донесе облачност и врнежи со променлив интензитет. Во четврток [...]


by