Променлива пролет во Македонија: Денот четврток ни носи дожд и грмежи
Продолжува променливото и пролетното топло време во Македонија со пролетни температури на воздухот. Претежно облачен ден ќе ни биде и утрешниот 16 април 2026 четврток со повремени локални врнежи од дожд. Сепак, во попладневните часови ќе се создаваат услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот во зоната на нестабилност.
Во Скопје и околината исто така утре попладне 16 април 2026 четврток ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Да напоменам дека и понатаму врнежите кои ги очекувам во Македонија ќе бидат помешани со Сахарската прашина и со песокот кои ги имаме во атмосферата. Исто така, изразеното јужно воздушно струење понатаму ќе ни донесе уште поголем транспорт на Сахарска прашина и на песок. Тоа значи дека дождот кој го очекувам ќе биде валкан.
Што се однесува до температурите, тие утре наутро 16 април 2026 четврток во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени а во Скопје и околината температурата ќе се спушти до околу 11 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Вторник 19 Мај 2026 во Македонија ни донесе тмурно, облачно и посвежо време на повеќето месата со температури кои се под просекот за месец Мај. Во западните и во југозападните предели уште од утрово имаше локални врнежи од дожд. Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Охрид и тоа 4 литри на [...]


by