ВНИМАНИЕ: Македонија на удар на нови обилни врнежи од дожд, можно е невреме!
Во следните 24 часа, односно до утре (петок 28 март) во претпладневните часови, нашата Република Македонија ќе биде зафатена од нов голем влажен бран од југозапад и истиот насекаде ќе услови нови врнежи од дожд, на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат нови над 30 литри на метар квадратен воден талог.
Локално пак ќе биде нестабилно со поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме), проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (до околу 70 км/час), грмежи и со услови за појава на град. И во Скопскиот регион за време на овој период ќе има нови врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни и поројни, проследени со засилен ветер и со услови за појава на грмежи (во форма на невреме).
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 18 степени.
Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголемо вниманите, поради бтоа што постојат услови и за локални поројни поплавувања, со оглед на тоа дека за релативно кратко време очекувам позначително количество на врнежи.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by