Вечерва значително залади времето, снежната покривка се прошири и во дел од градовите
Вечерва во нашата Република Македонија повремено засилува ветерот од северен правец и е значително поладно за разлика од оние температури кои ги имавме викендов. Исто така, е претежно облачно и со само локални и слаби врнежи од дожд и снег. Снежната покривка на планините, и на Скијачките центри се зголеми, а на повисоките населени места, и во делови од градовите се формираше и помала снежна покривка, особено во северните и во северозападните предели од нашата Македонија.

На табелата можете да ги погледнете измерените температури по градови и места низ Македонија вечерва до 19 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Снежната покривка вечерва изнесува 33 сантиметри на Попова Шапка, 12 сантиметри на Ѓуриште, 8 сантиметри во Маврово и 2 сантиметри во Виница.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by