Вечерва камен ладно во нашата Македонија: Измерена е најниска температура од -9 степени
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат.

На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и места, и тоа на мерните станици на УХМР.
Исто така, во текот на оваа ноќ ќе има услови и за локално провејување на снег.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by