Топлиот бран од Африка во Македонија се интензивира!
Топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка кон нашата Република Македонија од денес (сабота 19 јули) започна да се интензивира, па така и температурите беа значително повисоки и на повеќе места надминуваа 30 степени, а во Повардарието тие надминуваа и 35 степени. Времето беше стабилно, суво и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.

На табелата можете да ги видите денешните максимални дневни температури измерени во нашата Македонија по градови и места, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by