ТЕМПЕРАТУРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАБРЗАНО ОПАЃААТ: Наврнаа 18 литри дожд на м/2
Под влијание на значително постуден воздух од север, проследен со силен северен и северозападен ветер, од доцна попладнево и вечерва температурите во Македонија значително опаднаа и тоа за околу 10 степени, понекаде дури и за повеќе од 10 степени.

На картата можете да ги погледнете температурите измерени доцна попладнево кон вечерва. До утре изутрина температурите дополнително ќе опаднат и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, на високите места и на планините тие ќе бидат уште пониски, со што има услови и за појава на мраз.
Во Прилеп пак во изминатите 9 часа наврнаа 18 литри дожд на м/2.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by