Температурите се повеќе паѓаат, попладнево на повеќе места имаме врнежливо време!
Денешните максимални температури во нашата Македонија беа значително пониски за разлика од изминатите денови. Во попладневните часови на повеќе места, особено во јужната половина од Македонија, како и во југозападните предели имаме врнежливо време со повремено пообилни и поројни врнежи од дожд. Во овие предели имаме и ретка појава на грмежи.
Токму ова е поради плитката фронтална долина со поладен воздух на висина, и истата одржува постојано да имаме променливо и многу нестабилно време во Македонија.

На табелата можете да ги погледнете денешните максимални дневни температури на воздухот во нашата Македонија, по градо и и места, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by