Следува продор на значително поладен воздух од север во нашата Македонија!

Следува продор на значително поладен воздух од север во нашата Македонија!

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во нашата Република Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината денес понеделник (15 септември) ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите денес понеделник (15 септември) тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.

Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме во вторник (16 септември) кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, а во Скопје и околината во вторник наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени. Поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро и тоа како ќе ни биде потребна топлата облека.







Занимливости