Речиси 60 сантиметри снег има на Скијачките центри – Снег на повеќе места ќе врне и понатаму, а во повеќето градови има и снежна покривка!
Утрово на повеќе места во Македонија има снежна покривка, особено во повисоките населени места и секако на Скијачките центри и планините каде истата е значително зголемена. Во повеќето градови, особено во западните предели исто така има снежна покривка.
Највисока снежна покривка од Скијачките центри има на Попоива Шапка, 58 сантиметри, 55 сантиметри има во Маврово, 15 сантиметри во Тетово и во Крушево, и 10 сантиметри во Гостивар. Најниска температура до 7 часот утрово од градовите е измерена во Тетово, и тоа -1 степен, а највисока во Гевгелија, и тоа 5 степени. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, и тоа 26 литри на метар квадратен.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени до 7 часот утринава по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР. Да напоменам дека температурите на Скијачките центри и на останатите планини насекаде се под нулата.
Понатаму се очекува понатаможно заладување на времето, повремено со засилен северен ветер (повремено и локално со брзина од над 60 км/час), а ќе има и повремени врнежи претежно од снег, од локален карактер.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by