ПОСЛЕДНАТА ДЕКАДА ОД ОВОЈ МЕСЕЦ ПОЛАДНА ОД ВООБИЧАЕНОТО И СО ЧЕСТИ ВРНЕЖИ: Ќе има обилни врнежи од дожд и снег, како и снежна покривка
Оваа последна декада од овој месец ќе ја поминеме во знакот на поладно време од вообичаеното, како и со почести врнежи од дожд и снег, а ќе се создаде и снежна покривка на планинските места во Македонија, а во регионот таа ќе биде и позначителна (над 20 па и 30 цм), особено во делови од Босна, но и во планинските места на Црна Гора.

Поради ниските температури, особено утре снегот би можел да се појави понекаде и во пониските места од регионот (градовите) особено во Босна.
Според Европскиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF) се до крајот на овој месец ќе имаме чести врнежи, што значи дека кај нас врнежите ќе бидат натпросечно високи

Барем засега не се очекуваат такви летни температури на кој се навикнавме и кој ги имавме до пред некое време.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]

by