Не излегувајте доколку немате потреба, топлиот бран од Африка продолжува!

Топлиот воздушен бран од Африка во нашата Република Македонија продолжува  и во текот на следната седмица, па така времето и понатаму кај нас ќе биде претежно сончево и многу топло со мала локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец.

И во Скопје  и околината продолжува стабилното, суво, многу топло и сончево време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие насекаде во Македонија ќе бидат над 30 степени, а особено во Повардарието и во југоисточните предели температурите ќе се искачат до 40 степени. Во Скопскиот регион во следниот период максималната дневна температура на воздухот исто така ќе се искачи до околу 40 степени. Мора да напоменам дека многу топли ќе бидат  и ноќите, особено во Повардарието и тропски, каде температурите нема да се спуштаат под 20 степени.

Апелирам поради многу топлиот бран од Африка, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) исто така да пијат  и повеќе течности.







Занимливости

  • 22 Мај 2026

    Како што претходно најавив, југозападна Европа, односно Шпанија  и Португалија се зафатени од првиот голем топол бран за оваа сезона со многу високи температури на воздухот кои се значително над просекот за месец Мај и типични како за месец јуни а особено за месец јули. Вчера во делови од Шпанија температурите беа многу високи и достигнаа дури 38 степени. [...]