Натпросечно топло време: Денес и утре (петок 28 февруари) локални врнежи!
До крајот на денов, како и утре (28 февруари петок) во Македонија ќе имаме променливо време со локални врнежи од дожд, додека снег ќе врне само на највисоките планини (над 1800/1900 метри надморска височина). До крајот на денешниот ден ќе дува југоисточен ветер, кој повремено ќе засилува на интензитет.
Да напоменам, врнежите ќе бидат позастапени и со малку поголем интензитет во западните и во југозападните предели од нашата Република Македонија.
Во Скопје исто така ќе имаме променливо време, а до крајот на денов повремено ќе засилува и ветерот од југоисточен правец. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на краткотраен дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината, и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 15/16 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден четврток 16 април 2026 во Македонија донесе топло, мачно и спарно време а во атмосферата и понатаму имавме значително количество на Сахарска прашина и на песок па токму поради ова атмосферата и денес беше заматена и нечиста. Да напоменам дека денешните максимални температури измерени во Македонија се чувствуваа како да се повисоки од реално измерените и тоа [...]


by