МНОГУ ДОЖД: Во Македонија до утринава наврнаа дури 42 литри дожд!
Во изминатите 24 часа територијата на нашата Република Македонија беше зафатена од нов голем влажен бран од југозапад, и истиот насекаде услови пообилни и поројни врнежи од дожд, па така од градовите во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Демир Капија, и тоа дури 40 литри на метар квадратен. Во Пожар пак наврнаа дури 42 литри дожд на метар квадратен.

На Метеоролошката карта можете да видете колкаво количество на врнежи имаше во нашата Македонија по градови и места во изминатите 24 часа, односно до 6 часот утринава.

На втората Метеоролошка карта можете да ги видете измерените минимални температури во текот на денешното утро (петок 28 март).
Инаку да напоменам, дека на повисоките планини (над 1600/1700 метри надморска височина) врнежите од дожд преминаа во врнежи од снег, па така на Попова Шапка ова утро се формираше и мала снежна покривка.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден четврток 16 април 2026 во Македонија донесе топло, мачно и спарно време а во атмосферата и понатаму имавме значително количество на Сахарска прашина и на песок па токму поради ова атмосферата и денес беше заматена и нечиста. Да напоменам дека денешните максимални температури измерени во Македонија се чувствуваа како да се повисоки од реално измерените и тоа [...]


by