“МИНИ ИЛИ ЦИГАНСКО ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА” Периодов ќе имаме значително повисоки температури на воздухот, и до околу 30 степени!
Како што и претходно најавив, оваа седмица ќе го имаме задоцнетото “Мини Лето”, кое требаше да го имаме во септември месец, а истото кај народот е познато како Циганско Лето.

Ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот, кои насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 25 степени, а во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до речиси 30 степени.

Што се однесува до врнежите, тие оваа седмица ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме релативно стабилно и суво време, освен во среда кога ќе има услови за локален краткотраен дожд, проследен со ретки грмежи. Исто така во среда и во четврток повремено ќе засилува ветерот од југозападен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро 18 април 2026 сабота ни донесе ведро и релативно топло време со појава на умерена облачност особено изразена во јужните и во југозападните предели од Македонија. Температурите ова утро се типични за пролетниот период и се релативно високи. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.


by