МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре (петок 30 мај) ќе дува силен северен ветер (над 70 км/час)
Во текот на ноќта, кон утрешниот ден (петок 30 мај), како и во текот на целиот утрешен ден (петок 30 мај) во нашата Република Македонија ќе дува засилен, до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).
И во Скопје и околината за време на погоре споменатиот период ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено во делови од котлината со брзина од над 70 км/час).
Поради очекуваниот силен ветер, апелирам граѓаните да обратат поголемо внимание, исто така истите своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Утре (петок 30 мај) сеуште ќе имаме повеќе облачност над Македонија која ќе услови да има појава на повремен локален слаб дожд.
Утре (петок 30 мај) максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 22 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]


by