МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА ЗА ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ: Следната седмица многу сонце, температури над 20 степени!
Во текот на следната седмица нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса од југ и висок возушен притисок (Антициклон). Во ваква ситуација ќе имаме многу сонце со сосема мала локална облачност. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, преку ден тие ќе бележат тенденција на голем пораст, особено од среда (5 март) па во деновите потоа мксиумалните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот дури од 15 до 22 степени. Во Скопје за време на овој период температурата ќе се искачи до околу 20 степени.
Да напоменам дека, ова невообичаено топло време за овој период од годината може да придонесе за порано будење на природата и расцутување на овошките, што ни малку не е добро, поради тоа што едно е сигурно, а тоа е дека зимата во целост сеуште не е завршена, и ладни продори од север очекуваме да имаме и понатаму.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа во Македонија имавме многу нестабилна Атмосфера, и тоа поради притката фронтална долина која е распространета во југоисточна Европа, секако и во нашата Република Македонија. На повеќе места се забележаа поројни врнежи од дожд, грмежи како и засилен ветер. Процесите локално беа и поинтензивни во форма на невреме. На табелата можете да ги видете денешните измерени [...]