ЛАДЕН БРАН: Во понеделник силен северен ветер, во вторник наутро близу 0 степени!
Под влијание на значително поладен воздух од север, во понеделник (15 септември) во нашата Република Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината во понеделник (15 септември) ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите во понеделник (15 септември) тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.
Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме во вторник (16 септември) кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, а во Скопје и околината во вторник наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени. Поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро и тоа како ќе ни биде потребна топлата облека.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Македонија имаме во целост ведро време и без некој изразен ветер. Температурите полека опаѓаат и тоа поради продорот на посвежа воздушна маса од север. На табелата можете да ги видите вечерашните температури измерени по градови и места во нашата Македонија до 20 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.