ЛА НИЊА ЛЕТО ПРЕД НАС: Ни следуваат Суперќелијски бури и поплави!
Факт е дека Климатолошкиот феномен Ла Ниња ќе ни биде присутна во текот на летниме месеци, односно, до самиот крај од оваа 2025 година. Изминатите неколку лета сме сведоци на се почести временски непогоди и поплави во регионот, но и во Македонија секако. За жал, истите се, се посилни а неретко има и жртви за време на временските непогоди.
Што се однесува до летото 2025 година, однсоно, летото кое ни претстои, тоа ќе помине во знакот на температурно гледано околу просекот, односно типични температури за летниот период, иако, се можни сосема мали исклучоци, односно, сосема мало позитивно отстапување на температурите, поточно, летото оваа година може да биде потопло само за 0.5 степени, што не е ништо особено значително.

Секако и покрај ова, нормално е дека треба да очекуваме поголеми, но краткотрајни топлотни бранови, но се на се, многу се мали условите оваа 2025 година да имаме екстремно топло лето, судејќи на најновите излези на прогностичките материјали.
Што се однесува до врнежите, во нашиот дел од Европа очекуваме чести врнежи и временски непогоди ова лето. Поголеми се условите и за развој на Суперќелијски облаци, временски непогоди кои може да условат поголеми поплавувања.

Според она што може да се види на прогнсотичките материјали, најмногу врнежи ова лето може да очекуваме во нашата Македонија, но и во соседните земји, сепак, во соседните земји условите за временски непогоди се нешто помали, но тоа не значи дека и нема да ги има, почести временски непогоди се очекуваат во поголем дел од Балканскиот Полуостров.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе ладно утро со температури кои на повеќе места се спуштија за неколку степени под нулата и имаше појава на слаб мрз. Исто така ова утро имаше појава и на умерена облачност а беше претежно тивко и без некој изразен ветер. На табелата објавена од страна на УХМР може да видиме дека најладно утрово [...]


by