ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ПОПЛАДНЕВО ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Поплавено е Тетово, како и Прилепско – До вечерва наврнаа дури 50 литри дожд на м/2!

Попладнево голем ден од територијата на Македонија беше зафатена од поголема облачна  и нестабилна воздушна маса од запад, и истата беше во склоп со циклонската активност која се наоѓаше западно од нас, поточно некаде над Италија. На повеќе места низ Македонија имаше врнежи од дожд, на повеќе места поројни и проследени со грмежи како и со засилување на ветерот.

Од поголемо невреме беа зафатени Крушевскиот, Тетовскиот , како и Прилепскиот регион, па токму на овие места врнежите условија  и поплавувања. Во Прилепско дури имаше  и поплавени подруми поради невремето.

Најмногу дожд до вечерва во 20 часот, и тоа според УХМР наврна во Тетово, и тоа дури 50 литри на м/2.

Од утре (сабота) полека времето ќе се стабилизира, и оваа циклонска активност значително ќе ослабне. Сепак, утре во попладневните часови во западните предели ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд со ретки грмежи (ништо посебно). Темературите ќе бидат во пораст и насекаде во Македонија тие ќе надминуваат 20 степени, а во централните  и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 26,27 степени.

Сепак, наутро ќе биде многу посвежо, па така особено во Беровскиот регион, како и на повисоките места и на планините температурите се очекува да се спуштат и под 5 степени, на другите места тие ќе бидат под 10 степени, со исклучок на југоистокот од државава каде температурата  и преку ноќта ќе биде над 10 степени.







Занимливости