Европа поделена на два дела: Во делови од континентот е вистинско лето, а во некои делови е многу студено и снежно
Додека кај нас од овој петок па во деновите потоа ќе не зафати уште потопол бран од Африка и ќе ни донесе многу високи температури до околу 40 степени, североисточните, северните и северозападните предели од европа како што и претходно најавивме се зафатени од многу постуден воздух кој предизвикува и снежни врнежи.
Европа овие денови ќе биде поделена на два дела, токму погоре споменатите предели ќе бидат многу постудени од вообичаеното за овој период, додека нашиот дел од европа ќе биде со значително натпросечни температури на воздухот и на многу топла воздушна маса од Африка.
Во продолжение погледнете како изледаше Нориљск во Русија вчера

Сепак да напоменеме дека станува збор за најсеверниот град во Русија и дека ова е сосема вообичаено за овој дел, но исто така врнежи од снег овие денови се забележани и на други места на северот и на северозападот од европа.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]

by