Еден метар снег има на Попова Шапка, следува нов обилен снег на планините
Најмногу снег и тоа околу еден метар има на Скијачкиот центар Попова Шапка а денешното утро токму на ова место беше и најладно со измерени -8 степени. Во следните часови и утре петок 20 февруари 2026 снежната покривка на Скијачките центри дополнително ќе се зголеми поради тоа што очекувам нови обилни врнежи од снег.
Покрај Скијачките центри врнежи од снег очекувам и на планинските превои во западна Македонија па токму поради ова сите што планираат да патуваат према Стража да бидат крајно внимателни и со себе задолжително да носат зимска опрема.
Снежната граница има услови да се спушти до околу или под 1000 метри надморска височина со што врнежи од влажен снег можно е да има и во повисоките населени места во Македонија, особено во западните и во северните предели. Сето ова е поради Медитерански влажен бран кој кој е во склоп со поладен воздух кој се спушта од север.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by