До вторник (14 октомври) повеќе сонце и потопло време во Македонија
До вторник (14 октомври) во нашата Република Македонија ќе имаме стабилно, суво и потопло време преку ден со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Ќе имаме сончево време со појава на мала до умерена, локално и малку позначителна облачност.
Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината исто така времето до вторник (14 октомври) ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се искачува до околу 20 степени.
Наутро останува релативно ладно време со температури слични на оние кои ги имавме изминатите утрини во нашата Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Доцна вечерва имаме претежно ведро и екстремно ладно време во Македонија и со појава на силен мраз и на слана а температурите на воздухот се секаде длабоко под нулата а најладно од градовите до 22 часот беше во Крива Паланка каде се измерени дури -10 степени. Попова Шапка вечерва мери -15 степени а Титов Врв -17 степени. На метеоролошката [...]


by