Денешниот ден наликуваше навистина на есен, измерена е највисока температура од само 22 степени, а наврнаа нови 19 литри дожд на м/2!
Денешниот ден во Македонија навистина наликуваше многу на есен, иако календарски сме сеуште лето, и тоа уште само неколку денови па почнува есента и официјално календарски. До 17 часот УХМР ги измери и максималните температури за денешниот ден, па така најтопло денес беше во Скопје Петровец, со измерени само 22 степени.

Најсвежо пак денес од градовите беше во Крушево со измерени само 10 степени. Најмногу дожд во изминатите 9 часа наврна во Штип, и тоа 19 литри на м/2. На табелата можете да ги видите и останатите максимални температури измерени денес до 17 часот во Македонија, како и наврнатиот воден талог во л/м2 во изминатите 9 часа.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден четврток 16 април 2026 во Македонија донесе топло, мачно и спарно време а во атмосферата и понатаму имавме значително количество на Сахарска прашина и на песок па токму поради ова атмосферата и денес беше заматена и нечиста. Да напоменам дека денешните максимални температури измерени во Македонија се чувствуваа како да се повисоки од реално измерените и тоа [...]


by