Денес (четврток 10 април) иако ветровито и со локален дожд, имавме потопло време!
Денес (четврток 10 април) во нашата Македонија имавме потопло време со повисоки температури за разлика од изминатите денови, кога беше многу поладно. Сепак, локално со повремена зголемена облачност имаше појава на краткотраен дожд, на повисоките планини над 1700/1800 метри надморска височина провејуваше снег.
Повремено, особено во Повардарието и во источните предели дуваше засилен ветер од северен и од северозападен правец.

На табелата можете да ги погледнете денешните максимални дневни температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро 18 април 2026 сабота ни донесе ведро и релативно топло време со појава на умерена облачност особено изразена во јужните и во југозападните предели од Македонија. Температурите ова утро се типични за пролетниот период и се релативно високи. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.


by