Циклонот од Џенова насекаде во Македонија ни донесе нови врнежи
Во изминатата ноќ врнежи од дожд со променлив интензитет имавме насекаде во Македонија и тоа поради влијанието на циклонот кој е со центар над Џенова. На планините над 1400/1500 метри надморска височина врнеше снег а повремено дуваше и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ова утро сеуште има локални врнежи во Македонија.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 7 часот утрово наврна во Гевгелија и тоа 19 литри на метар квадратен дожд.

На табелата можете да го видите наврнатото количество на воден талог во изминатите 24 часа до 7 часот утрово по градови и места во Македонија, висината на снежната покривка и минималните температури измерени ова утро до 7 часот и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе температури во најголем дел кои беа позитивни односно тие беа над нулата и немавме многу ладно време. Исклучок беше Беровскиот регион како и високите и планинските места каде температурата се спушти за некој степен под нулата и имаше појава на слаб мраз. На табелата можете да ги видите температурите измеррени ова утро до [...]


by