БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ: Африкански топол бран ни носи температури до 40 степени!

Под влијание на топол бран од Африка со умерен до засилен интензитет, во периодот од (понеделник 23 јуни до петок 27 јуни) во нашата Република Македонија ќе имаме многу сушен и топол период со многу високи температури на воздухот, како и многу сонце. Температурите насекаде ќе се искачуваат над 30/35 степени, додека во Повардарието тие ќе се искачат  и до околу 40 степени.

За време на погоре споменатиот период во Скопскиот регион температурата ќе се искачува до околу 38/39 степени.

За време на овој умерен до засилен топол бран од Африка, УВ ИНДЕКСОТ кај нас ќе има многу висока до екстремно висока вредност  и ќе изнесува 9. Токму поради ова ги советувам граѓаните, особено оние кои се возразни без потреба да не излегуваат во периодот од 11 до 17 часот, односно во најтоплиот дел од денот. Исто така, на сите граѓани ги советувам да пијат повеќе течности.

Освен нашата Република Македонија, целата територја на Балканскиот Полуостров ќе биде под влијание на овој умерен до засилен топл бран од Африка и истот ќе донесе многу топло време.







Занимливости

  • 21 Сеп 2025

    Есента започнува во понеделник, 22 септември во 20:19 часот. Во Северната Хемисфера, есента е дефинирана како период кој започнува од есенската рамнодневица помеѓу 22-ри и 23-ти септември и зимската краткодневница помеѓу 21-ви и 22-ри декември. За разлика пак од Јужната Хемисфера, каде есента започнува помеѓу 20-ти и 21-ви март и трае до 21-ви и 22-ри јуни. Како што е [...]