После подолг период, денес во Македонија имавме значително потопло време!
Денес, за разлика од изминатите денови, беше значително потопло, па така до 17 часот попладнево беше измерена највисока температура од 28 степени во Гевгелија.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени до 17 часот попладнево во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
И утре (недела), во вториот ден од викендот ќе имаме претежно стабилно, суво и топло време со многу повеќе сончеви периоди. Сепак, како што напоменав, наутро останува значително посвежо.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро 18 април 2026 сабота ни донесе ведро и релативно топло време со појава на умерена облачност особено изразена во јужните и во југозападните предели од Македонија. Температурите ова утро се типични за пролетниот период и се релативно високи. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.


by