Европа поделена на два дела: Во делови од континентот е вистинско лето, а во некои делови е многу студено и снежно

Додека кај нас од овој петок па во деновите потоа ќе не зафати уште потопол бран од Африка и ќе ни донесе многу високи температури до околу 40 степени, североисточните, северните  и северозападните предели од европа како што и претходно најавивме се зафатени од многу постуден воздух кој предизвикува и снежни врнежи.

Европа овие денови ќе биде поделена на два дела, токму погоре споменатите предели ќе бидат многу постудени од вообичаеното за овој период, додека нашиот дел од европа ќе биде со значително натпросечни температури на воздухот и на многу топла воздушна маса од Африка.

Во продолжение погледнете како изледаше Нориљск во Русија вчера

Сепак да напоменеме дека станува збор за најсеверниот град во Русија и дека ова е сосема вообичаено за овој дел, но исто така врнежи од снег овие денови се забележани и на други места на северот  и на северозападот од европа.

 







Занимливости

  • 28 Апр 2026

    Денешниот ден 28 април 2026 вторник во Македонија помина во знакот на вистински пролетен ден со високи пролетни температури на воздухот. Времето беше претежно стабилно, суво и сончево со попладневно локално зголемување на облачноста особено во југозападните предели каде имаше појава на локален краткотраен дожд особено во планинските предели. Најтопло денес до 17 часот беше на Скопје Петровец каде [...]