МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА УШТЕ ПОГОЛЕМ СТУДЕН БРАН ОД АРКТИКОТ: СЕ ОЧЕКУВА ПРВАТА ПОГОЛЕМА СНЕЖНА ПОКРИВКА

објавено на:

11 Окт 2021

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд и појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

И во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има и услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Температурата ќе се искачи до околу 16 степени.

Потоа краткотраен престанок на врнежите ќе имаме утре, особено попладне и во среда претпладне. Додека нови поинтензивни врнежи ќе има во среда доцна попладне и навечер, како и во четврток кога поради уште ПОГОЛЕМОТО заладување на планините ќе има врнежи од СНЕГ, кад ќе се формира и СНЕЖНА ПОКРИВКА. Има услови снежната граница, особено во северните и во северозападните предели да се спушти дури и под 1000 м.н.в.

Има услови на планинските места да се формира снежна покривка дури и над 30 сантиметри. Ќе дува и умерен ветер од северен и од северозападен правец, кој Долж Поврдарието повремено ќе биде и засилен на интензитет. Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој дел од годината и од четврток ќе бидат уште пониски и иќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 9 степени, додека наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени.

НАПОМЕНА: Овој студен бран ќе донесе снежни врнежи и на некои од планинските превои, со што на возачите им препорачуваме крајна претпазливост доколку се движат по истите, особено во текот на ноќта среда кон четврток и во четврток.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости

  • 28 Апр 2026

    Денешниот ден 28 април 2026 вторник во Македонија помина во знакот на вистински пролетен ден со високи пролетни температури на воздухот. Времето беше претежно стабилно, суво и сончево со попладневно локално зголемување на облачноста особено во југозападните предели каде имаше појава на локален краткотраен дожд особено во планинските предели. Најтопло денес до 17 часот беше на Скопје Петровец каде [...]