За прв пат оваа сезона: Тропска ноќ имавме во два Македонски градови

Изминатата ноќ во Македонија беше топла насекаде  а времето беше претежно ведро и тивко со појава на мала до умерена локална облачност. Можеше да се почувствува  и онаа спарнина и мачно време на повеќето места во Македонија.

Исто така, изминатата ноќ за прв пат оваа сезона во два Македонски градови беше тропска, односно температурите на воздухот не паднаа под 20 степени во текот на целата измината ноќ. Во Велес до 8 часот утрово е измерена највисока минимална температура од дури 21 степен, а во Гевгелија темперартурата во исто време изнесуваше 20 степени.

Во изминатите 24 часа до 8 часот утрово најмногу дожд наврна во Крушево и тоа 10 литри на метар квадратен дожд а во Виница наврнаа 5 литри на метар квадратен дожд. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените најниски минимални температури за денешниот ден Понеделник 8 Јуни 2026 по градови и места во Македонија до 8 часот утрово, и тоа на мерните страници на УХМР.







Занимливости