МАКЕДОНИЈА НА УДАР НА СИЛНО НЕВРЕМЕ: Громови и крупен град
Денешното утро Понеделник 8 Јуни 2026 во Македонија ни донесе топло и ведро време со појава на умерена локална облачност. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија.
На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.
До четврток 11 Јуни 2026 во Македонија времето ќе ни се задржи топло со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 32 степени.
Во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно времето и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Меѓутоа, од пладневните часови локално ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради значителното загревање на атмосферата и исполнета со енергија, локално атмосферските процеси ќе бидат доста интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.
И во делови од Скопската котлина ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Апелирам поради очекуваното невреме, граѓаните да обратат поголема внимателност и во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во блиозина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Изминатата ноќ во Македонија беше топла насекаде а времето беше претежно ведро и тивко со појава на мала до умерена локална облачност. Можеше да се почувствува и онаа спарнина и мачно време на повеќето места во Македонија. Исто така, изминатата ноќ за прв пат оваа сезона во два Македонски градови беше тропска, односно температурите на воздухот не паднаа под [...]


by