Петок 22 Мај 2026: Очекувајте врнежи, грмежи и локално невреме
Денес Петок 22 Мај 2026 особено во попладневните и во раните вечерни часови во Македонија ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата и тоа поради влијанието на циклонската активност која се наоѓа југоисточно од нас. Во ваква ситуација времето ќе биде многу нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопската котлина попладнево и вечерва ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер од северен и од североисточен правец и со услови за појава на невреме проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.
Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени а во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 24 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, југозападна Европа, односно Шпанија и Португалија се зафатени од првиот голем топол бран за оваа сезона со многу високи температури на воздухот кои се значително над просекот за месец Мај и типични како за месец јуни а особено за месец јули. Вчера во делови од Шпанија температурите беа многу високи и достигнаа дури 38 степени. [...]


by