Имавме пријатно утро, денов ќе ни биде топол со слаб до умерен ветер

Денешното утро Среда 6 Мај 2026 во Македонија донесе значително повисоки минимални температури на воздухот кои насекаде беа над нулата. Времето беше умерено облачно и без некој изразен ветер.

На метеоролошката карта можете да ги видите денешните минимални темперартури измерени во Македонија.

Денешниот ден во Македонија ќе биде топол и сончев со појава на умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен, а во западните предели од западен правец. Максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Во Скопје  и околината максималната дневна температура на воздухот денес ќе се искачи до околу 27 степени.







Занимливости