ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Од -5°C, регистрирани се 30°C
Огромна температурна промена имаме во Македонија овие денови, од зимски минусни температури во најголем дел од Македонија и измерени – 5 степени во Берово изминатите утрини кои на многу месата направија огромни штети врз земјоделието и ги премрзнаа овошките. Веќе за само 48 часа па и помалку од 48 часа од зима директно се префрливме во лето.
Територијата на Македонија особено вчера вторник 5 Мај 2026 подпадна под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, односно од Африка која забрзано предизвика пораст на температурите на воздухот и тие вчера дури беа и летни па веќе особено во југоисточните предели тие се искачија и до 30 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите максималните вредности на температурите измерени вчера во Македонија. Најтопло вчера беше во Гевгелија со измерени 30 степени. Во Скопје пак вчера исто така температурите речиси беа и летни и токму во Скопје вчера се измерени 28 степени.
Да напоменам дека овие огромни температури промени особено негативно влијаат врз метеопатите каде деновиве и тоа како би можеле да имаат зголемени здравствени проблеми.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Поладен Атмосферски фронт кој од северозапад преку Алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европскиот Континент ќе услови промена на временската состојба кај нас и дестабилизирање на атмосферата од четврток до сабота (тоа значи во периодот од 7 до 9 Мај 2026). Времето во токму овој споменат период во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи [...]


by