ОД ВТОРНИК 21 АПРИЛ 2026: Ни доаѓаат голем пад на температурите и врнежи
Прогностичките материјали, односно прогностичкиот модел (ECMWF) Европски центар за Среднорочна прогноза повторно ни црта дека веќе од вторник 21 април 2026 во Македонија како и во поширокиот дел од Балканот и Европа повторно ќе ни се спушти значително поладен воздух од север кој ќе ги спушти температурите на воздухот дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега и тие во текот на следната седмица ќе бидат под просекот за месец април.
Исто така во нашиот дел од Европа особено вторник и среда 21/22 април 2026 ни носи на повеќе места и врнежи од дожд а поради заладувањето има услови на највисоките планински места кај нас повторно да имаме послаби врнежи од снег. Сето ова ќе ни биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе ни биде засилен на интензитет.

Температурите особено во вторник и во среда 21/22 април 2026 кај нас во Македонија на многу места нема да надминуваат 15 степени а на повеќето места тие ќе се задржат околу или малку над 10 степени преку ден а ќе има места каде температурите и преку ден нема да надминат 10 степени. Наутро пак во текот на следната седмица особено на повисоките населени места и на планините температурите има услови да се спуштат дури и под нулата со што ќе има услови за појава на слаб мраз.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро 18 април 2026 сабота ни донесе ведро и релативно топло време со појава на умерена облачност особено изразена во јужните и во југозападните предели од Македонија. Температурите ова утро се типични за пролетниот период и се релативно високи. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.


by