Топол Антициклон ни носи вистинска пролет во Македонија и 20 степени
Во текот на оваа седмица територијата на Македонија и на целиот регион ќе биде под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) од југ и токму ова ќе услови да имаме претежно суво време со повеќе сонце и со повремено и локално зголемување на облачноста. Температурите ќе бидат над просекот за почеток на месец март и тие ќе бидат пролетни и особено во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до 20 степени.

Во Скопје и околината температурата исто така ќе се искачи до околу или ќе надминува 15 степени.

Повисоки температури ќе имаме и во ноќните и во утринските часови но секако и покрај ова тие и понатаму во дел од Македонија и тоа особено на повисоките и на планинските места ќе се спуштаат за некој степен под нулата и ќе има појава на слаб утрински мраз.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро 18 април 2026 сабота ни донесе ведро и релативно топло време со појава на умерена облачност особено изразена во јужните и во југозападните предели од Македонија. Температурите ова утро се типични за пролетниот период и се релативно високи. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.

by