МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во недела 1 февруари снег на повеќе места

Поради продор на значително поладен воздух од север кој ќе продре во Македонија во недела на 1-ви февруари ќе дојде до формирање на секундарен циклонски систем над Јонско море  и над јужен Јадран. Во ваква ситуација во Македонија ќе имаме нови врнежи кои полека  и во повеќето пониски места (градови) ќе преминуваат во врнежи од снег каде ќе се формира мала снежна покривка. На планините  и на Скијачките центри пак снежната покривка ќе се зголеми за 10 па  и за повеќе сантиметри.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопје  и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има врнежи кои во делови од регионот и во котлината ќе преминуваат во послаби врнежи од дожд и од снег  или во влажен снег. И во Скопскиот регион повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Што се однесува до температурите тие во недела на 1-ви февруари ќе бележат тендеинција на позначително опаѓање  и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени а во Скопје  и околината температурата ќе изнесува до околу 5 степени.

Поради очекуваните нови врнежи од дожд и снег апелирам возачите да бидат внимателни особено доколку се движат низ планинските превои.







Занимливости