АЛАРМ ЗА ШАР ПЛАНИНА: Постои висок ризик од појава на снежни лавини
Националниот парк Шар Планина ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри.
Зголемената лавинска опасност е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ја температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите неколку денови. Овие фактори, во комбинација со рељефните карактеристики на теренот, создаваат услови за нестабилност на снежната покривка и појава на лавини.
По добиена дојава од операторот за слободно скијање со ратраци „Ескимо спорт“ за забележана лавина на подрачјето на паркот, екипа на Националниот парк Шар Планина излезе на терен и изврши увид на локацијата каде што е потечена лавина. Претходно, екипа на операторот „Ескимо спорт“ извршила пребарување на лавинскиот терен со употреба на лавински уреди, при што е констатирано дека во лавината нема затрупани лица кои со себе поседуваат лавински уреди, а до овој момент нема пријави за исчезнати лица. За среќа, настанот поминал без човечки жртви.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во овие полноќни часови во Македонија имаме ведро и релативно ладно време со умерена локална облачност. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 23 часот во Македонија.


by