Невообичаено топол ден е позади нас: Последниот ден од февруари донесе температури од над 20 степени!
Денешниот петочен ден, воедно и последен ден од месец февруари помина во знакот на невообичаено топло време за овој период од годината со локален дожд и многу променливо време. Биометеоролошките услови беа многу неповолни во текот на денешниот ден, па особено ова негативно се одрази кај метеопатите.
Најтопло денес беше на Скопје Петровец со дури 21 степен.

На Метеоролошката карта можете да ги погледнете температурите измерени денес низ Македонија. НАПОМЕНА: Овие температури воедно се и максималните измерени температури за денешниот ден (петок 28 февруари).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро 18 април 2026 сабота ни донесе ведро и релативно топло време со појава на умерена облачност особено изразена во јужните и во југозападните предели од Македонија. Температурите ова утро се типични за пролетниот период и се релативно високи. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.


by