Возачите да бидат крајно внимателни: И утринава на многу места низ Македонија има густа магла
И денешното утро во Македонија во многу котлини донесе густа магла и ниска облачност, како и значително ладно време. Поради густата магла низ котлините видливоста е значително намалена, па токму поради ова на возачите им препорачувам да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила.

Најладно утринава до 7 часот беше во Берово со измерени -4 степени, а највисока минимална температура од дури 9 степени во исто време беше измерена во Гевгелија. На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени утринава до 7 часот по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Снежната покривка ова утро изнесува 38 сантиметри на Попова Шапка, 28 сантиметри во Маврово, 10 сантиметри во Крушево и 7 сантиметри во Битола.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден четврток 16 април 2026 во Македонија донесе топло, мачно и спарно време а во атмосферата и понатаму имавме значително количество на Сахарска прашина и на песок па токму поради ова атмосферата и денес беше заматена и нечиста. Да напоменам дека денешните максимални температури измерени во Македонија се чувствуваа како да се повисоки од реално измерените и тоа [...]


by