ВО ЖИВО СЕ СЛЕДИ ВРЕМЕТО: Врнежи и грмежи локално во северните предели – најава за следните часови
Во овие рани вечерни часови локално во северните предели има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локална нестабилност се забележува и во Скопскиот регион. Во текот на овие вечерни часови услови за нестабилност ќе има и во централните предели од државава како и Долж Повардарието а нестабилноста се движи во правец од северозапад према југоисток.
Доста нестабилно ќе се задржи и во следните денови со почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат нешто поинтензивни и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со појава на град, засилен ветер и електрични празнења.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]

by