ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОД ДЕНЕС КОН КРАЈОТ НА ДЕНОТ И НАВЕЧЕР ПА ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ОПАСНОСТ ОД ПОЈАВА НА НЕВРЕМЕ

објавено на:

15 Јул 2021

од:

сподели:

Денес кон крајот на денот и навечер, особено во северните и во североисточните предели ќе има локална појава на нестабилност проследена со изолирана појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени.

Потоа во следните денови, температурите ќе бидат во опаѓање за неколку степени и ќе има честа појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, и тоа особено за време на викендот и на почетокот од следната недела.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Температурите и тоа особено за време на викендот ќе бидат пониски, и тоа особено од недела кога максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ ќе има и во делови од Скопската котлина. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 38 степени, додека за време на викендот истите ќе опаднат за неколку степени и ќе се искачуваат до околу 32 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.