НАЈНОВО: Дали да очекуваме топли денови и продолжување на летото во септември?!

објавено на:

01 Сеп 2020

од:

сподели:

Веќе влеговме во месецот септември, со тоа и во климатолошката есен, но сепак дали да очекуваме и понатаму топли денови или пак да се збогуваме со истите? Сепак на топлите денови не им се доближува крајот.

Во текот на следните денови, и покрај падот на температурите на воздухот и северниот ветер, сеоак не се очекува некое толку многу изразено заладување кај нас, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32, 33 степени. Особено за викендот посвежо ќе биде и во раните утрински часови кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 17 степени,

Повторен пораст на температурите барем одсега гледано се очекува на самиот почеток од следната недела, истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево повремено со умерена локална облачност.

За нови, подетални, и по потреба обновени информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.