❄️ Студен воздух пристигнува кон Балканот од понеделник (9.02)
Од понеделник (9.02) започнува изразено заладување, при што студен бран од североисток ќе го зафати Балканот и Македонија.
🌬️ Ќе има осетен пад на температурите, а ќе дува и засилен северен/североисточен ветер, што дополнително ќе го засили чувството на студ.
🌡️ Температурите наутро ќе се спуштаат значително, а можно е и појава на снег на планините, а локално и во дел од пониските места (ќе се следи).
Заладувањето ќе се чувствува најмногу во втората половина од неделата, а состојбата ќе се ажурира со нови информации.
📍 Скопје: Со заладувањето од понеделник (9.02) се очекува пад на температурите и засилен северен ветер. Локално се можни и слаби врнежи, а ќе се следи и можноста за краткотрајно провејување на снег.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе температури во најголем дел кои беа позитивни односно тие беа над нулата и немавме многу ладно време. Исклучок беше Беровскиот регион како и високите и планинските места каде температурата се спушти за некој степен под нулата и имаше појава на слаб мраз. На табелата можете да ги видите температурите измеррени ова утро до [...]


by