🌨️ МЕТЕО ИНФО – ВТОРНИК КОН СРЕДА

Во текот на вторникот, а особено кон ноќта и во среда наутро, се очекува промена на времето со продор на постуден воздух. Врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег, при што локално и на пониските места се очекува слаба снежна покривка.

❄️ Планинските и повисоките предели ќе добијат нов снег, со зголемување на снежната покривка.
🌨️ Пониските места – краткотрајно можна мешавина од дожд и снег, а локално и слаб снег.

🏙️ Скопје:
Кон крајот на вторникот и во текот на ноќта кон среда, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Можно е краткотрајно задржување на снег и во градот, особено во повисоките делови од котлината и периферијата.

🌬️ Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, со пад на температурите.







Занимливости