🌨️ МЕТЕО ИНФО – ВТОРНИК КОН СРЕДА
Во текот на вторникот, а особено кон ноќта и во среда наутро, се очекува промена на времето со продор на постуден воздух. Врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег, при што локално и на пониските места се очекува слаба снежна покривка.
❄️ Планинските и повисоките предели ќе добијат нов снег, со зголемување на снежната покривка.
🌨️ Пониските места – краткотрајно можна мешавина од дожд и снег, а локално и слаб снег.
🏙️ Скопје:
Кон крајот на вторникот и во текот на ноќта кон среда, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Можно е краткотрајно задржување на снег и во градот, особено во повисоките делови од котлината и периферијата.
🌬️ Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, со пад на температурите.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Поладен Атмосферски фронт кој од северозапад преку Алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европскиот Континент ќе услови промена на временската состојба кај нас и дестабилизирање на атмосферата од четврток до сабота (тоа значи во периодот од 7 до 9 Мај 2026). Времето во токму овој споменат период во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи [...]


by