🌦 ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – СЛЕДНИОТ ПЕРИОД

Во наредните денови во Македонија следува променливо облачно и релативно постудено време, со повремени врнежи од дожд, кои главно ќе бидат слаби до умерени. На повисоките планински предели можни се повремени слаби врнежи од снег.
Температурите ќе бидат во постепен пораст кон крајот на периодот.

🌡 Минималните температури ќе се движат од -2 до 5°C, додека максималните од 6 до 14°C.
Врнежите ќе бидат почести кон крајот на работната недела и околу недела, но без поголеми количества. За време на викендот ќе има и периоди на стабилно и суво време.
Од почетокот на следната недела се очекува постепено затоплување и намалување на врнежите.

🌧 ВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ

Во Скопје следува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд, особено четврток, петок и недела.
🌡 Минималните температури ќе се движат од 0 до 4°C, а максималните од 6 до 14°C.
Врнежите ќе бидат краткотрајни и со слаб интензитет, без услови за невреме.
Кон крајот на периодот и почетокот на следната недела се очекува постабилно време и постепено затоплување.







Занимливости